More

    Шест нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром кои ќе почнат да се реализираат од 30 јуни следната година

    spot_img

    Шест нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром кои ќе почнат да се реализираат од 30 јуни следната година, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

    Од овие авиолинии ќе ги оперираат четири ќе реализира авиокомпанијата „Визер“ и по една „Флај Дубаи“ и „Туркиш ерлајнс“

    – Од  30 март 2025 два пати неделно „Флај Дубаи“ ќе лета од Скопје за Дубаи и назад. Од овој датум  од Скопје ќе се лета за Барселона  три пати неделно. Од 30 јуни, три пати неделно ќе има и лет од Скопје до Лион и три пати неделно ќе се лета од Скопје за Штудгард – информира Николоски.

    Тој рече дека од годинава новина е тоа што од јуни следната година „Туркиш ерлајнс“ редовно ќе лета од Охрид за Истанбул, а од овој аеродром два пати неделно ќе се лета и за Базел.

    Николоски потсети дека е променет начинот на субвенционирање според кој се помагаат новоотворени линии и по дојден патник.

    – 12 евра по дојден патник е субвенцијата од Охридскиот аеродром и 9 евра по дојден патник е субвенцијата од Скопскиот аеродром. За 5 години планираме да потрошиме  5 милиони евра за субвенционирање на авиолинии – рече Николоски.

    Тој најави дека наредните недели ќе биде објавен и нов конкурс бидејќи голем број авиокомпании се заинтересирани за летови од двата аеродрома.

    – Овие линии ќе донесат бројни туристи во Македонија и ќе го олеснат патување на нашите граѓани. Во 2025 година ќе имаме 200.000 нови патници од двата наши аеродрома – рече Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img