Лекарите објаснуваат дека главоболката може да биде поттикната од различни фактори како недостаток на сон, стрес или нагли временски промени, но и од одредени видови храна, пренесува Everyday Health.
Доколку често се појавува главоболка среде оброк или кратко по оброкот, голема е веројатноста таа да е предизвикана од конзумирање на одредени намирници, пишува Index.hr. Еве ја храната:
чоколадо
црвено вино и други алкохолни пијалоци
кафе
зрели сирења
производи од месо
вештачки засладувачи
Како што објаснуваат експертите, овие намирници содржат одредени супстанци кои можат да бидат поттик за главоболки, а често и за мигрена. Иако умереното уживање во нив е сосема во ред, доколку претераме, би можеле да се соочиме со непријатни болки.