More

    Шест месеци од трагедијата во „Рибникар“: Балони, цвеќиња и свеќи пуштени пред влезот на училиштето

    spot_img

    Поминаа точно шест месеци од трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде ученик од тоа училиште уби девет ученици и училишен чувар, а повреди шест лица.

    Сеќавањето на жртвите започна ден претходно, во четвртокот, во Домот на млади се одржа Денот на сеќавањето, кој го организираа родителите и членовите на семејствата на загинатите. Како што јави репортерот Н1, денеска во 8 часот и 40 минути пред училиштето почнале да пристигнуваат родителите на повредените деца кои палеле свеќи и оставале цвеќе.

    Како што ни кажаа, никој не дошол организирано, но, како што рекоа, почувствувале потреба да дојдат.

    Екипата Н1 видела како поминуваат граѓани кои застанале пред училиштето, некој носел цвеќе и на тој начин им оддале почит на загинатите.

    Малку по 11 часот симболично беа пуштени балони од училишниот двор.

    Родителите треба да продолжат да доаѓаат од пладне, а во 13 часот и 30 минути во паркот на Ташмајдан ќе бидат засадени дрвја за 10-те настрадани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img