Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку шест лица загинале рано утринава во израелско бомбардирање на јужниот дел на Бејрут и дека 15 лица се ранети.
Претходно либанската национална новинска агенција Ани објави дека израелската армија извршила серија воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут и дека биле погодени медицински центар и зграда, објави францускиот портал Монд.
„Израелски воени авиони извршија напад во мугрите врз стан во зграда во населбата Давхет Арамун, а во него има ранети“, јави агенцијата Ани, пренесе агенцијата Франс прес.
Израелската армија утринава ги повика жителите на јужните предградија на Бејрут да се евакуираат преку мрежата Х.