Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска во напад на градинка во Лианџијанг на југот на Кина, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, убиен е еден наставник, двајца родители и 3 деца, додека осомничениот за нападот е уапсен, соопштија локалните власти.
Напаѓачот е на возраст од 25 години, а нападот го извршил со нож.
Нападот се случил околу 7.40 часот по локално време во градот Лианџијанг во провинцијата Гуангдонг.
Во Кина е забрането поседување огнено оружје. Меѓутоа, нападите со нож се зголемени во последните години во таа земја.