Шест кандидати се пријавиле за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за изборите што ќе се одржат на 30 мај

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шест кандидати се пријавиле за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за изборите што ќе се одржат на 30 мај.

Според информациите на повеќе медиуми, за ректорската позиција ќе се натпреваруваат: деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев, потоа, проф. д-р Горан Ајдински исто така од Филозофскиот факултет, проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и актуелна проректорка за настава, проф. д-р Димитар Ташковски исто така од ФЕИТ, проф. д-р Атанас Кочов од Машински факултет, како и актуелната проректорка за финансии, проф. д-р Билјана Ангелова.

Денеска (вторник, 2 мај) на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за избор на нов ректор на најстариот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Согласно роковникот објавен на веб-сајтот на универзитетот, ќе се гласа на 30 мај, во периодот од 14 до 16 часот, на сите 23 факултети и 5 институти.

Мандатот на новиот ректор ќе биде од 16 септември 2023 до 15 септември 2026 година.

Претседателката на Универзитетската изборна комисија, проф. д-р Родна Живковска, за МИА изјави дека Комисијата утре на состанок ќе ја утврди листата на кандидатите кои ќе влезат во трка за прв човек на најстариот и најголем универзитет во земјава и тие ќе бидат објавени на веб-страницата на УКИМ.

Според Роковникот за изборите за ректор, листата ќе им биде доставена на кандидатите и тие ќе имаат право на приговор во рок од три работни дена. По рокот за приговори ќе бидат објавени и програмите за работа на кандидатите за нов ректор.

Гласањето на факултетите ќе се спроведе на 30 мај кога се очекува да биде избран новиот ректор на УКИМ. Тој треба да го наследи актуелниот, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој оваа функција ја извршуваше во два мандата.

Share This Article