Шест годишно дете го изгуби животот откако денеска околу 13 часот паднало во реката Пена во Тетово.
Детето живеело во населбата веднаш по последниот мост на реката Пена на т.н. Индустриска улица каде куќите се непосредно до речното корито.
Откако паднало во реката, мештаните ги повикале пожарникарите чија станица е во близина на оваа маало, кои ги повикале останатите институции по што е почнато пребарување на местото.
Според информациите на тетовските пожарникари, дошле припадници на специјалните единици на полицијата, како и на Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи по што е започната четиричасовна претрага. Безживотно тело е најдено во реката Пена во населбата Деребој.
– Од кај нас прво побараа помош, па ние им се јавивме на ДЗС и ЦУК и полицијата. Во меѓувреме ние направиме два тима, да го пребараме местото – информираше Ука Алити командант на пожарната.
Тој раскажа дека во близина била неговата мајка и кога видела дека детето го носи водата, таа се фрлила по него во обид да го спаси. Но, надојдената и брза вода на Пена брзо ја повлекла и неа. Не успеала да го фати детето и за малку и таа ќе се удавела ако не притекнале на помош двајца соседи кои успеале да ја спасат.
По увидот телото е дадено на обдукција.