Шеснаесет лица загинаа, а 17 се водат за исчезнати во свлечиште што денеска погоди камп во Малезија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шеснаесет лица загинаа, а 17 се водат за исчезнати во свлечиште што денеска погоди камп во Малезија.

Во кампот во Батанг Кали, што се наоѓа на околу 50 километри северно од главниот град Куала Лумпур, во моментот на несреќата имало 94 Малезијци, изјави началникот на окружната полиција Суфијан Абдула.

Одронот земја паднал од височина од околу 30 метри и зафатил површина од околу 1,2 хектари.

Абдула кажа дека бројот на загинати се зголемил од првичните осум на 16, и дека меѓу настраданите има и петгодишно момче. Седум лица се пренесени во болница со повреди, а се трага по 17 лица кои се водат за исчезнати. Спасени се 53 лица кои не се повредени.

Во спасувањето учествуваат повеќе од 400 луѓе со кучиња трагачи.

Полицијата на местото на несреќата пристигнала половина час по повикот за помош, нешто пред 3 часот утринава.

Некои семејства со мали деца, кои беа спасени, се засолниле во блиската полициска станица. Преживеаните тврдат дека слушнале силен звук, како гром, пред да се урне земјата.

Кампот се наоѓа на фарма за производство на органска храна, недалеку од популарна туристичка дестинација со забавни паркови и казино.

Share This Article