Шерон Стоун се соблече топлес на 64 години и покажа зошто три децении ја носи титулата секс- симбол

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарната актерка се соблече топлес на 64 години и покажа зошто три децении ја носи титулата секс- симбол!

Шерон Стоун на Инстаграм објави фотографија на која позира покрај базен само во долен дел од бикини, едвај ги покрива градите со крпа што ја наметнала преку рамениците.

Холивудската актерка ги израдувала своите многубројни обожаватели со фотографија на која на 64-годишна возраст ја брани ласкавата титула на секс-симбол.

„За среќа несовршена на совршен ден“, напиша таа во описот на фотографијата која предизвика бурни реакции на Инстаграм.

„Легенда“, „Убава како и секогаш“, „Вистинска икона“, „Убава внатре и надвор“, „Божица“, „Сè уште неверојатно жешка“, се дел од бројните комплименти кои ги доби со повеќе од сто илјади лајкови.

Богатата кариера на Шерон започна во 70-тите години, кога го привлече вниманието на Вуди Ален како модел, кој  ѝ ја додели улогата во неговиот филм „Stardust Memories“. Потоа следуваа улогите во филмовите „Смртоносен благослов“, „Тотално потсетување“, „Сливер“, „Казино“, „Сфера“, „Скршени цветови“ и многу други, кои  ѝ го обезбедија статусот на холивудска икона, додека Титулата на секс симбол таа гордо ја носи од 1992 година, кога играше улога во еротскиот трилер „Основен инстинкт“.

Со секое појавување таа сè уште предизвикува воздишки, а нејзините обожаватели најмногу ги радуваат нејзините фотографии во костими за капење, додека со фотографијата топлес успеа да се надмине и самата себе.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article