Шерика де Армас ја изгуби битката со ракот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешната мис Уругвај, Шерика де Армас, почина на 26-годишна возраст по двегодишна битка со ракот, пишува британски „Мирор“.

 

Шерика де Армас поради болеста била подложена на лекување со хемотерапија и радиотерапија, но сепак не можела да се избори со тешката болест.

Семејството на починатата девојка преку социјалните мрежи се огласи и ја информираше пошироката јавност за несреќниот настан.

 

„Шерика почина во мир, опкружена со љубовта на семејството и пријателите. Таа секогаш ќе биде во нашите срца“, напишаа членовите на семејството на социјалните мрежи.

Шерика уште во 2015 година ја претставуваше својата земја на изборот за Мис на светот, кога имаше само 18 години.

Иако не беше изгласана во топ 30 најубави во Кина, нејзиниот квалитет беше препознаен. Едно списание ја избра за нејзиното „прекрасно лице, харизма и висина“.

ФОТО: Х

- Advertisement -
Ad image
Share This Article