Настапот на Олимписките игри во Париз заврши и за третиот македонски претставник. Џудистот Еди Шерифовски не успеа да направи изненадување против Гиљерме Шмит од Бразил. Бразилецот ја оправда фаворитската улога и го елиминираше нашиот претставник Еди Шерифовски со 11-0, односно со ипон.
Се работи за светски шампион во џудо кој има големо реноме и успеси на големи натпреварувања.
Во осминафиналето Бразилецот ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Антонио Еспозито (Италија) и Валентин Хуинато (Бенин).
Шерифовски е третиот македонски олимпиец кој го имаше својот настап во Париз. Пред него настапот олимпискиот настап експресно го завршија Никола Ѓуретановиќ во пливање и Анастасија Мојсовска во стрелаштво.
На Олимписки игри во Париз треба да настапат уште тројца македонски претставници. На 8 август на олимписките борилишта ќе се појават Миљана Рељиќ (теквондо, категорија до 57 килограми) и Владимир Егоров (борење слободен стил, категорија до 57 килограми), а на 10 август Дарио Ивановски ќе го трча атлетскиот маратон.