Шер призна како изгубила огромна сума

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Светски познатата пејачка и актерка Шер признала дека изгубила милиони долари на нејзиниот сингл „Believe“ откако направила „глупава“ грешка.

Музичката икона го издаде својот хит уште во 1998 година и беше на врвот на топ листите во над 23 земји и продаден во над 11 милиони копии. Песната освои и Греми, и е една од најпродаваните песни на Шер досега, но таа откри дека направила огромна грешка при снимањето на песната, пренесува „Мирор“.

Во интервјуто со Вернон Кеј на „Tracks of My Ears“ на „Би-би-си радио“, Шер се присетила коментирајќи дека е „премногу глупава“ за да бара признание за нејзиниот придонес во текстот на песната, што значи дека пропуштила милиони долари.

Брајан Хигинс, Стјуарт Мекленан, Пол Бери, Стивен Торч, Метју Греј и Тимоти Пауел се официјалните текстописци на „Believe“, а Шер го споделила своето разочарување што не можела да добие заслуги.

„Можев да добијам многу пари“, рекла таа. Подоцна во интервјуто Шер открила дека излегла од студиото додека ја снимала песната откако нејзиниот вокал бил критикуван од продуцентите.

Таа била решена да го промени својот вокал за да одговара на електро-поп чувството на песната, но продуцентите се откажале од нејзините предлози, сè додека на крајот не попуштиле.

Share This Article