More

    Шер на 76 години во трико-танга ја затвори ревијата во Париз

    spot_img

    Пејачката и актерка Шер (76) им пркоси на годините и изгледа како девојка и во осмата деценија. Таа уште еднаш го покажа својот сензационален изглед при затворањето на ревијата на „Балмејн“ на Модната недела во Париз.

    Беспрекорната фигура ја покажа во едноделен костим од латекс, кој ниту многу помладите жени не би се осмелиле да го облечат, а кој се состои од длабоко деколте и соодветни ракавици. За да даде уште поекстравагантен шмек, Шер носела чизми на платформа.

    Долгата коса со децении е нејзин заштитен знак, па и сега ја пуштила да паѓа во меки бранови.

    Шер отсекогаш отворено зборувала за корекциите на лицето кои ги правела, а нагласува и дека се труди да води здрав живот:

    – Постојано сум на тренинзи. Не пијам алкохол и не се дрогирам. Не поднесувам да гледам телевизија. Се грижам за својот изглед и се хранам здраво. Никогаш не сум имала проблем со мојата тежина. Секогаш јадам што сакам, но останувам верна на мојот тренинг – изјавила Шер претходно за „Сан“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img