More

    Шер на 76 години повторно се свршила, на својот твитер-профил објави фотографија со прстенот

    spot_img

    Како што стојат работите, познатата пејачка Шер на 76 години повторно се свршила, а на својот твитер-профил објави фотографија со прстенот. Како што пишуваат странските медиуми, но и според нејзините објави, таа е во врска со 40 години помлад маж, поранешното момче на Амбер Роуз – Александар Едвардс.

    Шер и Александер не ја кријат својата љубов, а јавноста случајно дозна за нивната врска кога неодамна беа фотографирани пред ресторан.

    Откако се дозна за нејзината нова романса, Шер стана поотворена во врска својот нов избраник, па неодамна сподели и негова фотографија со зборовите: „Ова на другите им изгледа чудно, па дури и мене, но љубовта не знае математика“.

     

    Еден твитерџика ја прашала какви квалитети поседува нејзиниот партнер, а Шер одговорила опишувајќи го своето ново момче.

    „Тој е љубезен, паметен, смешен и се бакнуваме како тинејџери“, напиша американската пејачка за Едвардс, со кој е во врска два месеци, откако го запозна за време на Модната недела во Париз. Некои коментираат дека пејачката „целосно го изгубила умот“.

    Исто така, имаше и такви кои мислат дека Александар само ја користи, и дека тука не постои никаква љубов, меѓутоа, се чини дека неговите намери кон Шер се сепак сериозни. Барем така изгледа по фотографијата од прстенот со огромниот дијамант во облик на солза.

     

    „Немам зборови, Александер“, напишала покрај фотографијата, а потоа додала дека објавила фотографија на која тој го држи прстенот бидејќи многу ѝ се допаѓаат неговите нокти.

    Секако, во истиот момент луѓето оставија честитки во коментари, но Шер не ги коментираше, па фановите сѐ уште се збунети дали се случило запросување или не.

    Инаку, Едвардс е помлад и од синовите на Шер – Чаз Боно и Илијџа Блу Алман. Александер Едвардс, пак,  има син Слеш од врската со поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз, а парот раскина кога таа го фати во неверство.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img