More

    Шефот на Вагнер испрати тело на загинат војник до семејството, ковчегот покриен со американско знаме

    spot_img

    Основачот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, за Си-Ен-Ен потврди дека на Украина ѝ го предал телото на Николас Мајмер, пензиониран војник од специјалните сили на американската армија, кој загина во битката кај Бахмут.

    – Денеска во 15:00 часот го предадовме телото на Американецот Николас Мајмер на украинската страна – изјави вчера Пригожин во аудио порака.

    Мајмер бил во зграда во Бахмут која се урнала откако била погодена од артилериски оган, вели пензионираниот потполковник Пери Блекбурн, основач на непрофитната организација AFGFree, со која Мајмер работел во Украина. Блекнурн истакна дека Украинците кои биле со Мајмер верувале дека тој или бил заробен во урната зграда или убиен од руската артилерија.

    Си-Ен-Ен не можеше самостојно да ги потврди деталите за смртта на Мејмер. Во видео споделено од прес-службата на Пригожин, шефот на Вагнер стои покрај два ковчези, едниот покриен со американско знаме, а другиот со турско знаме.

    – Американецот е убиен во битката во „гнездото“ (една од последните области за кои се водат борби на западниот дел на градот) – вели Пригожин во видеото.

    Тој додаде дека во вториот ковчег имало тело на турски државјанин кој бил во Бахмут со својата партнерка.

    – Најдени се под урнатините на зградата, поточно тој и неговите документи. По повлекувањето, Украинците ја разнесоа зградата, а тие загинаа под урнатата зграда. Не успеавме да ја извлечеме неа, но него го извлековме надвор и тој ќе се врати во својата татковина – рече Пригожин.

    Украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници потврди за Си-Ен-Ен дека телото на Мајмер, заедно со телото на турскиот државјанин, било вратено во Украина вчера за време на размената на воени заробеници. Видеото што го сподели групата покажува ковчег обвиен во американско знаме што одговара на она што се гледа на видеото со Пригожин.

    По смртта на Мајмер минатата недела, Пригожин објави видео на кое наводно се гледа телото на убиениот Американец. Се гледа како го прегледува телото и, како што тврди, се американски документи за идентификација.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img