More

    Шефот на севернокорејската дипломатија во Москва: Пјонгјанг со Русија до „победа“ во Украина

    spot_img

    Пјонгјанг ќе стои покрај Русија до нејзината „победа“ во Украина, изјави денеска во Москва шефот на севернокорејската дипломатија Чое Сун Хуи.

    „Нема сомнеж дека под мудро водство на почитуваниот руски претседател Владимир Путин, руската армија и народ ќе извојуваат голема победа“, рече севернокорејската министерка за надворешни работи, според рускиот превод на нејзината изјава.

    Таа ја даде изјавата на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

    „Потврдуваме дека секогаш ќе бидеме цврсто на страната на нашите руски другари, до денот на победата“, рече севернокорејскиот претставник.

    Чое Сун Хуи е во Москва по изјавата на американските официјални лица, врз основа на американските разузнавачки служби, дека околу 8.000 севернокорејски војници моментално се во Русија во пограничниот регион Курск, од каде што треба да бидат распоредени во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img