Шефот на МААЕ: Водата од нуклеарната централа Фукушима, која беше испуштена во океанот, е безбедна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Police officers search the beach for clues about missing persons from the 2011 earthquake and tsunami disaster near the tsunami-crippled Fukushima Daiichi nuclear power plant in Namie-town, Fukushima prefecture, Japan March 11, 2024, on the day marking 13-year anniversary of the disaster, in this photo taken by Kyodo. Mandatory credit Kyodo via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. MANDATORY CREDIT. JAPAN OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN JAPAN

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека пречистената радиоактивна отпадна вода од нуклеарната централа Фукушима што беше испуштена во океанот е безбедна и не влијае на животната средина.

За време на состанокот со локалните јапонски претставници во Фукушима, тој изјави дека пуштањето е извршено во согласност со безбедносните стандарди и дека забраните за увоз на производи од таа област, што ги воведоа некои земји, немаат оправдување.

Гроси вчера пристигна во прва посета на Јапонија од август минатата година, кога почна испуштањето вода, а со претставниците на земјата ќе разговара за понатамошна соработка во промовирањето на контролирана употреба на нуклеарната енергија.

Неговата посета доаѓа два дена откако Јапонија одбележа 13 години од земјотресот и цунамито на 11 март 2011 година што ја предизвикаа катастрофата во Фукушима.

Гроси денеска ја посети постројката од која се испушташе отпадната вода во придружба на претставници на електраната. МААЕ во извештајот наведува дека влијанието на водата врз животната средина е занемарливо и дека целиот процес на испуштање ги исполнува меѓународните безбедносни стандарди.

Во 2011 година, цунамито предизвика откажување на три реактори на нуклеарната централа во Фукушима, што доведе до истекување на радиоактивни материи, а поради тоа неколку десетици илјади жители од околните области мораа итно да ги напуштат своите домови.

Работата на деконтаминација и реставрација на централата се очекува да трае уште неколку децении, но Јапонија се соочува со непосреден проблем за складирање на околу 1,33 милиони тони дождовница, подземна вода и вода потребни за ладење на нуклеарните реактори.

Јапонската влада испушти дел од отпадните води во океанот откако беа третирани преку систем за деконтаминација кој ги отстранува радиоактивните елементи, освен тритиумот, кој ќе биде во разредена форма.

Share This Article