Шефот на кабинетот на косовскиот претседател Бљерим Веља, познат по честите критики на медиумите и властите во Србија, синоќа му се заблагодари на српскиот претседател. „Ти благодарам Ацо“, му рече.
Александар Вучиќ оваа недела учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада. На овој самит, покрај другите претставници од регионот, присуствуваше и претседателот на Косово, Вјоса Османи, потсетува КоСсев.
Претседателството на Србија во четвртокот вечерта издаде соопштение во кое се наведува дека „лидерите на 47 земји и претставници на Европската унија разговарале за безбедноста, енергијата и други прашања од значење за континентот“.
Околу 24 часа подоцна, односно доцна синоќа, шефот на кабинетот на косовскиот претседател Блерим Веља ги коментираше токму овие изјави на српското претседателство.
Официјалната веб-страница на претседателот на Србија, во официјалното соопштение за присуството на Вучиќ на Самитот, го признава Косово како независна земја учесничка на самитот на ЕПЗ во Гранада“, изјави Веља на социјалната мрежа „Икс“.
Познат по честите критики кон српското раководство, кои ги објавува на оваа социјална мрежа, сега иронично му се заблагодарува на српскиот претседател.
Заедно со фотографијата од објавата од сајтот тој на српски напиша „Благодарам Ацо“.
„Навистина, Косово беше една од 47-те земји кои учествуваа на самитот“, изјави Веља.