Шефот на иранската дипломатија најави „долготрајна војна“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахиан синоќа во интервју за иранската државна телевизија изјави дека а во следните часови може да се очекува „превентивна акција“ и оти на Израел нема да му биде дозволено да преземе каква било акција во Појасот Газа без да се соочи со последици.

– Лидерите на Отпорот нема да дозволат ционистичкиот режим да преземе каква било акција во Газа … Сите опции се отворени и не можеме да бидеме рамнодушни кон воените злосторства извршени врз народот на Газа – истакна Амирабдолахиан.

Тој без да изнесе детали посочи дека „отпорот е способен да води долготрајна војна со непријателот Израел … во наредните часови, можеме да очекуваме превентивна акција од фронтот на отпорот“.

Минатата недела, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран не бил вклучен во нападот на милитантната група Хамас врз Израел на 7 октомври, но го поздрави, како што го нарече, „непоправливиот воен и разузнавачки пораз на Израел“.

Share This Article