Шефот на рускиот платеник Вагнер во четвртокот објави дека се шегува кога рекол дека неговите луѓе ќе го прекинат огнот во Бахмут за да им дозволат на украинските сили да им го покажат градот на американските новинари кои го посетуваат, објави Ројтерс.
Вагнер го предводеше рускиот напад врз Бахмут од минатото лето во најдолгата и најкрвавата битка на војната, но украинските сили го спречија да ја преземе целосната контрола врз градот.
Евгениј Пригожин, основачот на Вагнер, во аудио порака објавена од неговата прес-служба во четвртокот рече: „Одлуката е донесена да се запре артилерискиот оган за американските новинари безбедно да го снимат Бахмут и да си одат дома“.
Сепак, во подоцнежната аудио порака, Пригожин рече: „Момци, ова е воен хумор. Хумор, и ништо повеќе… Тоа беше шега“.