Градот Бахмут, епицентарот на борбите во источна Украина, беше „практично опколен“ од руските сили, изјави шефот на паравоената група Вагнер.
„Единиците на Вагнер практично го опколија Бахмут, има само еден излез“, рече Евгениј Пригожин во видеото објавено на Телеграм.
Пригожин апелираше до украинскиот претседател Володимир Зеленски да им нареди на украинските трупи да се повлечат од градот, кој сега е во голема мера уништен и каде што двете страни претрпеа големи загуби. Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас.
Руските сили напредуваа северно и јужно од Бахмут во последните недели, прекинувајќи ги три од четирите украински правци за снабдување до градот.