Претседател на државата треба да се бира на непосредни избори и сметаме дека не треба да назадуваме во демократијата.
Вака од СДСМ одговорија на минатонеделниот услов што го постави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој побара шефот на државата да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство и со Бадентер.
– СДСМ јавно и јасно го кажа во многу наврати нашиот став дека претседател на државата треба да се бира на непосредни избори и ова барање не е ништо ново, се слушаше и во изборите во 2019 и 2020 година, сметаме дека нема потреба да се назадуваме во демократијата. Важно е дека кандидатот на СДСМ ќе биде поддржан од сите етнички заедници и ќе биде поддржан од најголемиот дел на нашите граѓани и ќе биде победник на претседателските избори. Оттука не очекуваме дека ќе бидат бојкотирани претседателските избори од било која политичка партија и очекувам голема поддршка за канидатот на СДСМ – истакнаа од партијата на Димитар Ковачевски.