Шеесет лица се уапсени откако толпа упадна на аеродромот во главниот град на руската кавкаска република Дагестан, Махачкала барајќи Евреи и извикувајќи антисемиски пароли

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шеесет лица се уапсени откако толпа упадна на аеродромот во главниот град на руската кавкаска република Дагестан, Махачкала барајќи Евреи и извикувајќи антисемиски пароли.

Идентификувани се повеќе од 150 активни учесници во немирите, од кои 60 се уапсени, се наведува во соопштението на русото Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, во инцидентот се повредени 9 полицајци, од кои двајца се згрижени во болница.

Израел ги повика руските власти да ги заштитат израелските граѓани по вчерашниот инцидент на аеродромот во Дагестан.

Антисемитска толпа синоќа упадна на аеродромот во Махачкала, откако таму слета авион од Тел Авив. Според медиумите, оние кои упаднале на аеродромот извикувале антисемитски слогани и вееле палестински знамиња.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето извикуваат „Алаху Акбар“. Поради инцидентот, аеродромот беше привремено затворен, а летовите што пристигнуваа беа пренасочени кон други аеродроми.

Соопштениое дека аеродромот ќе биде затворен до 6 ноември.

Дагестан е главно муслиманска руска република во Северен Кавказ, дом на околу 3,1 милиони луѓе на западниот брег на Касписко Море.

Share This Article