Шеесет и шест ученици од Мичиген се живи и здрави благодарение на 13-годишното момче кое брзо реагирало, го фатило воланот и го запрело училишниот автобус откако жената што го возела се онесвестила, соопштија официјални лица.
Дилон Ривс, од средното училиште Картер во Ворен, истрчал од задниот дел на автобусот до возачкото седиште откако автобусот почнал да се движи неправилно и откако станало јасно дека на возачот му се слошило и изгубил свест.
Според она што е соопштено, од видео-надзорот во автобусот се гледа дека жената која го управува автобусот испраќа пораки дека не се чувствува добро и дека можеби ќе треба да се повлече на страната на патот. Неколку секунди подоцна таа го испушта воланот и се онесвестила, а учениците почнале да врескаат бидејќи автобусот почнал да се движи неконтролирано.
Во тој момент Ривс притрчува кон возачкото место, го презема воланот, мирно го исправа автобусот и безбедно го паркира.
Откако го запре автобусот, Дилон им вика на соучениците да се јават на 911.
Кога полицијата ги повикала родителите на Дилан, тие прво загрижено ги прашале: „Што по ѓаволите го направи тоа“. Полицаецот кратко одговорил: „Ништо, син ти е херој“.
Засега не е познато зошто возачот се онесвестил.