More

    Шарлиз Терон била одушевена од јагнешкото на Шербеџија

    spot_img

    Хрватскиот актер со холивудска кариера Раде Шербеџија (77) гостувал во емисијата „Кај нас дома“ и се присетил како со јагнешко месо ја маѓепсал холивудската актерка Шарлиз Терон (48).

    Анегдотата се случила кога заедно го снимале филмот „Mighty Joe Youn“ во 1997 година, а во тоа време често се дружеле.

    За славната актерка имал само пофални зборови, опишувајќи ја како прекрасна и драга личност..

    „Тогаш се специјализирав за печење јагне на скара, во мојот двор. Имав голем двор, а стотина луѓе доаѓаа да се дружат кај мене. Сите тие беа познати имиња. Шарлиз го сакаше моето јагнешко. Навистина добро го правев тоа“, се сеќава актерот.

    Раде од својот дедо во Лика научил да подготвува јагнешко месо, што ја воодушевило Шарлиз, а веројатно и некои други холивудски ѕвезди. Додека живеел во Холивуд, јагнешко месо набавувал од Нов Зеланд.

    „И тоа е добро јагнешко од Нов Зеланд“, рекол Шербеџија и додал:

    „Секогаш сам го вртам раженот, а не електрониката.“

    Тој денес веќе не го подготвува познатиот специјалитет, бидејќи поради здравствени причини морал да се откаже од јагнешкото. Има премногу холестерол, како што објаснил популарниот актер со холивудска кариера.

    Шербеџија соработуваше со многу познати актери, од Анџелина Џоли до Том Круз. Легендарниот Ал Пачино го запознал на доделување на наградите во Венеција, а се присетил и на една анегдота.

    Тие се запознале во 1997 година кога Раде изнајмил куќа во Малибу и еден ден отишол да сурфа. Но, еден бран го превртел и со главата удрил во дното.

    „Тоа беше страшен удар, едвај испливав, но не можев да ја подигнам раката. Итно ме однесоа во болница, ги завршив сите прегледи и во еден момент влезе Ал Пачино. Седев околу половина час и ги чекав наодите. Потоа се упатив кон излезот, но излезе и Пачино. Буквално се погледнавме очи в очи, а јас глупаво му велам ‘се сеќаваш ли на мене’, тој вели – ‘не’. Потоа го потсетив дека пред две години добивме награда во Венеција. Тој ја доби наградата за животно дело, а јас ја добив наградата за најдобар актер на фестивалот. И мојот филм тогаш ја освои Венеција. По наградата пиевме заедно, се шегувавме и разговаравме“, рекол Шербеџија, пренесе „24 сата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img