More

    Шарл Мишел предлага европска геополитичката заедница

    spot_img

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска предложи формирање на европска геополитичка заедница која ќе придонесе за зближување и зајакнување на соработката меѓу европските земји, вклучително и Западен Балкан, во решавањето на заедничките предизвици, промовирањето мир и стабилност и безбедноста на континентот.

    – Земјите од Западен Балкан, земјите кои се приклучуваат од нашето источно партнерство и другите европски земји со кои имаме блиски односи се првите на кои мислам. Лидерите на земјите кои би учествувале во овој проект ќе се состануваат најмалку двапати годишно, а надворешната политика би била најважната област на соработка во таа заедница – рече Мишел.

    Во говорот на денешната седница на Европскиот економски и социјален комитет во Брисел, тој најави дека веќе почнал консултации со лидерите на ЕУ 27 за формирање на Европската геополитичка заедница и оти ова прашање ќе го стави на дневен ред на јунскиот самит на ЕУ.

    – Во координација со француското претседателство со ЕУ ќе организирам средба со лидерите на ЕУ и на Западен Балкан во јуни, на маргините на Европскиот совет – најави Мишел.

    Претседателот на Европскиот совет за лето најавува и конференција на која треба да се соберат лидерите на ЕУ и заинтересираните партнерски земји за да разговараат за конкретни опции за новиот заеднички проект

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img