Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го осуди израелскиот напад врз силите на Обединетите нации распоредени во Либан (УНИФИЛ).
„Нападот врз мировната мисија на Обединетите нации е неодговорен, неприфатлив“, рече Мишел на маргините на самитот на земјите од Југоисточна Азија во Лаос.
Тој ги повика Израел и сите страни целосно да го почитуваат меѓународното хуманитарно право.
Израелската армија вчера објави дека отворила оган недалеку од базата УНИФИЛ во јужен Либан и дека претходно ги повикала сините шлемови од таа мисија да останат безбедни.
УНИФИЛ соопшти дека двајца членови на таа мисија биле ранети во напад на израелската армија.