Наполи наскоро би можел да добие нов тренер откако претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис објави дека Лучијано Спалети си заминува од клупата.
Спалети го напушта Неапол откако ја освои титулата со клубот, прва по 33 години чекање.
Контроверзниот претседател Де Лаурентис направи список со потенцијални наследници на италијанскиот стручњак на клупата. Така, на врвот е Хозе Енрике, кој во минатото со голем успех ги водеше шпанската репрезентација и Барселона.
Според познатиот новинар Фабрицио Романо, Енрике е прв на листата на желби на Наполи, но и на некои други клубови и тврди дека преговорите се во тек.