More

    Шалке нема друг излез: германскиот клуб е принуден да го продаде стадионот

    spot_img

    Веќе на почетокот на април годинава германските медиуми се занимаваа со проблемите во кои се најде Шалке, па уште тогаш се споменуваше можноста клубот на крајот да треба да најде излез од кризата со продажба на стадионот. Тие најави сега станаа тажна реалност на германскиот клуб.

    Во април Шалке потврди дека проблемите се огромни, но тогаш извршниот директор Матијас Тилман категорично ја отфрли опцијата за продажба на стадионот.

    Шалке е во ситуација да се бори за опстанок во втората лига, е 13-ти на табелата и работите изгледаат како облаците да не се расчистиле со месеци и нема да се расчистат наскоро.

    Шалке е во негатива за 168 милиони евра, управата на секој начин се обидува да дојде до пари, а сега ги повикува навивачите на помош.

    Поминаа само неколку месеци од категорично отфрлање на идејата за продажба на стадионот до понуда на навивачите да купат акции на стадионот Велтинс-Арена во Гелзенкирхен.

    Во соопштението за медиумите кое го објави клубот, беше најавено дека започнува продажбата на акциите на стадионот. Прво ќе се формира здружение кое ќе се занимава со продажба, а цената по акција треба, како што е најавено, да биде помала од 750 евра.

    Овој пат Тилман објасни дека акциите ќе ги купи здружението, а со нив ќе продолжи да управува клубот.

    И германските медиуми го сменија ставот на оваа тема. Од текстовите во кои со месеци се жалеше на ситуацијата во која се нашол великанот, излезе и текст на Билд во кој овој потег е оценет како просечки.

    Проектот за продажба на акциите на стадионот треба да започне за еден месец, а клубот се држи до оваа последна капка од спасот и се надева дека ќе биде доволна за излез од финансиската криза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img