More

    Шаќири тврди дека сѐ е подготвено за учебната година

    spot_img

    Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

    На прес-конференција на која направи осврт за работата на МОН откако тој го предводи, Шаќири рече дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници.

    Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје, рече тој.

    Шаќири потсети дека во изминатиот период со СОНК е постигнато, како што рече, историско покачување од 15 проценти за платите на наставниците кои ќе ги добијат со септемвриската плата. Со Синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и ќе бидат во дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието.

    На прес-конференцијата во Владата, Шаќири истакна дека е значително зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, оваа учебна година ќе бидат 720.

    Тој посочи на зголемениот број дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2.700 ученици, минатата година биле вклучени 250 компании, а во оваа година се вклучени 400 компании во овој проект.

    За капитални инвестиции во образованието, рече Шаќири, втора година буџетот е над милијарда денари, односно два и пол пати повеќе од претходните години.

    Министерот соопшти дека летово се реконструирале училишни објекти во повеќе општини и се градат нови училишта. Тој се осврна и на различните категории студентски стипендии за подобрување на студентскиот стандард, а за науката со буџет од 218 милиони денари се финансираат  проекти на јавните научни установи и опремување на лабораториите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img