Шаќири најави подобри услови за наставниците и нема да застанат на минималната плата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во процесот на разговори со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека имале една цел, а тоа се подобри услови за наставниците. Како социјални партнери, вели Шаќири, не треба да застанеме само на минималната плата, туку да се разгледаат и други начини за мотивација и подобрување на образовниот процес.

За тоа што СОНК се повикува на рок од 20 дена за решавање на проблемот, Шаќири во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма рече дека тоа е по Законот за мирно решавање на одредени конфликти, откако не бил прифатен последниот предлог.

– Ние побаравме од Министерството за труд и социјална политика да одбере помирувач за што го имаат известено и СОНК – изјави Шаќири.
Прашан зошто ова не е направено порано, Шаќири рече дека верувал оти ќе биде постигнат позитивен договор.

– Имавме една цел, а тоа се подобри услови за наставниците. Ќе треба да ги разгледаме нашите позиции. Можеби и од страна на МОН имаме одредени грешки во чекорите, но исто така, и од страната на СОНК – рече Шаќири.

Во преговорите со СОНК, Шаќири посочи дека биле отвориле повеќе дискусии – од методологијата за пресметка на плата во колективниот договор до различните начини за мотивација на наставниците.

Share This Article