По раскинувањето на 12-годишната врска со поранешниот фудбалер Жерар Пике, колумбиската пејачка Шакира не криеше дека едвај го чека денот кога ќе ја напушти Барселона и ќе „избега“ со синовите на другиот крај на светот, далеку од очите на медиумите и папараците. Тоа конечно и појде од рака.
Шакира и нејзините два сина Саша и Милан вчера ја напуштија Шпанија, поточно Барселона. Шакира синоќа била забележана на аеродромот во Барселона со децата кои ги доби во врската со Жерар Пике.
Пејачката со синовите замина за Мајами.
Прошталната порака ја објави на Инстаграм за да им се заблагодари на Шпанците за поддршката во изминатите години. Таа објасни дека по неверството на Пике и раскинувањето немала друга подобра опција.
„Се населив во Барселона за да им пружам стабилност на моите деца, истата каква што сега ја бараме во некој друг агол на светот покрај семејството, пријателите и морето. Денеска започнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Благодарам на сите што сурфаа со мене на толку многу бранови во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е несомнено подолго од љубовта. Им благодарам на сите што ме охрабруваа, ми ги избришаа солзите, ме инспирираа и направија да пораснам“, порача Шакира.
„Благодарам на мојата шпанска публика која секогаш ме покриваше со својата љубов и лојалност. Се гледаме повторно и како што татко ми толку пати рече, се гледаме во кривините“, напишала Шакира.
ФОТО: Инстаграм