Шакира е видена како заминува од Мајами со синовите Саша и Милан

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатата пејачка Шакира е видена како заминува од Мајами со синовите Саша (7) и Милан (9).

Пејачката беше забележана како шета низ аеродромот со момчињата кои ги доби од долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике.

Фотографиите доаѓаат откако шпанскиот обвинител ја предупреди пејачката дека може да се соочи со осум години затвор доколку биде прогласена за виновна за наводна даночна измама од 15 милиони долари. Имено, Шакира била обвинета за затајување данок во периодот од 2012 до 2014 година, додека живеела во Барселона, Шпанија.

Шпанското обвинителство бара и парична казна од 25,4 милиони долари за пејачката, која е обвинета за шест точки за измама на државата во периодот од 2012 до 2014 година.

Тоа се случи откако латино ѕвездата отфрли вонсудска спогодба која би вклучила нејзино признавање на кривичното дело. Таа ги вратила парите што наводно ги должи на државната каса, заедно со каматите, за кои се верува дека изнесува вкупно 3 милиони фунти.

Шакира е обвинета дека се преправала дека живее во странство и користела сложена офшор корпоративна структура за да избегне данок. Таа е обвинета дека користела нелегален договор од 2012 и 2014 година, кога била во врска со фудбалерот Жерар Пике, кој живее и игра во Барселона.

 

Двојката се раздели на почетокот на оваа година по наводите во локалните медиуми дека фудбалерот и бил неверен на пејачката.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на Шакира рече дека таа секогаш соработувала и се придржувала на законот.

– Таа покажуваше беспрекорно однесување како поединец и како даночен обврзник и верно ги следеше советите на PriceWaterhouse Coopers, престижна и глобално призната даночна компанија – вели тој.

„За жал, шпанската даночна служба, која губи еден од два спорови со своите даночни обврзници, продолжува да ги крши нејзините права и води уште еден неоснован случај“, додава тој.

- Advertisement -
Ad image

„Таа е убедена дека нејзината невиност ќе се докаже до крајот на судскиот процес“, заклучува портпаролот.

 

Шакира, претходно даночен жител на Бахамите, се регистрираше како целосен даночен жител во Шпанија само во 2015 година. Официјалните жители во Шпанија плаќаат шпански данок на нивниот светски приход.

Шакира негираше дека сторила нешто лошо, а датумот на судење се уште не е одреден.

Се вели дека поранешната двојка ги поминала последните неколку недели преговарајќи за иднината на нивните две деца бидејќи Шакира сака да се пресели во Мајами со нив.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article