More

    Шакира бара дадилка, платата е 2.400 долари, но со еден услов што одбива многумина

    spot_img

    Зад Шакира е многу турбулентен период. Откако раскина со поранешниот фудбалер
    Жерар Пике поради неговото неверство, направи серија одмазнички песни, ги обелодени глупостите на Пике и се пресели во Мајами со своите синови, пејачката има една тешка задача пред себе.

    Како што сега пишуваат странските медиуми, меѓу другото, тука е и веста дека на децата на Шакира им треба нова дадилка, а пејачката наводно „очајно ја бара“ и не може да пронајде токму таква каква што сака.

    Шакира сака да вработи нова дадилка која ќе и помага во грижата за нејзините деца во наредните недели, а наводно нуди плата од 2.400 долари.

    Сепак, не е наведено дали дадилката ќе заработува толку неделно или месечно. Медиумите додаваат дека пејачката ќе ги плати и сите патни трошоци на жената која ќе и помогне околу синовите, а таа ќе живее во вилата на пејачката проценета на 11,6 милиони долари.

    Меѓутоа, Шакира има еден многу важен услов, кој воопшто не го доведува во прашање.

    Од идната дадилка на своите деца очекува, како што пишуваат медиумите, да нема никаква врска со медиумскиот свет и да потпише договор за доверливост. Тоа значи дека личноста која ќе живее во нејзиниот дом и ќе поминува време со нејзиното семејство нема да смее никому да каже ниту збор за нивната приватност, а ваквите договори се вообичаени во светот на познатите.

    Иако ова се услови кои генерално се подразбираат, потрагата на Шакира по дадилка наводно не оди без проблеми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img