Шајло, ќерката на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит, поднесе барање да се откаже од своето презиме, а на овој чекор се одлучила откако наполнила 18 години, објави Ти-Ем-Зи.
Иако нејзиното барање допрвин треба да биде одобрено, таа отсега ќе се потпишува како Шајло Џоли.
Веста доаѓа само неколку дена откако нејзината сестра Вивиен исто така го отфрли презимето на Пит.
Но, двете не се единствените. Нивните посвоени деца, Захара и Медокс, го направија истото. Не е познато дали актерот е во контакт со своите деца, а Медокс во 2020 година го прозва на социјалните мрежи.
„Среќен ден на таткото шупак од светска класа. Повторно и повторно се докажуваш како ужасна и презрена личност. Немаш емпатија за твоите четири деца кои се тресат во твое присуство“, напиша меѓу другото Медокс.
Џоли поднесе барање за развод во 2016 година. Тие официјално се разведоа во 2019 година, но сè уште водат битка за старателството.