Со оглед на тоа што е богат со диетални влакна и позитивно влијае на варењето, ќе помогне и во одржување на добра фигура. Познати како наш природен додаток на витамин Ц, мандарините се незаменливо овошје во текот на есента. Освежуваат и придонесуваат за здравјето на организмот, но колку мандарини дневно се доволни?
Здравото ниво на витамин Ц во телото игра витална улога во тоа како телото произведува колаген, кој и дава на нашата кожа младешки изглед. Исто така, докажано е дека витаминот Ц може да спречи и лекува оштетување на кожата предизвикано од изложување на сонце, пишува Б92.
Друга предност на високата содржина на витамин Ц во мандарините е поддршката за здравјето на очите бидејќи го одложува почетокот на катаракта и макуларната дегенерација. Постојат докази дека витаминот Ц и другите хранливи антиоксиданси помагаат да се одржат очите здрави подолго.
Мандарините имаат умерено количество на витамин А. Околу 100 грама мандарини обезбедуваат приближно 14 проценти од дневниот внес
на овој витамин.
Експертите препорачуваат пет порции овошје дневно, мандарините се одличен начин за постигнување на оваа цел – една мандарина е приближно еднаква на една порција овошје. Значи, пет мандарини дневно ги задоволуваат нашите нутритивни потреби.
Како и во се, така и во консумацијата на мандарини, не треба да се претерува, поради количината на шеќер, но и лимонската киселина и витаминот Ц, кои предизвикуваат почесто одење во тоалет.
Мандаринот помага во борбата против лошиот холестерол. Со оглед на тоа што е богат со диетални влакна и позитивно влијае на варењето, ќе помогне и во одржување на добра фигура.