Рома вчера беше поразена од Севиља по изведувањето на пенали во Лигата на Европа, а по поразот емоциите не можеше да ги скрие и Паоло Дибала кој плачеше како мало дете.
Дибала го постигна голот за Рома во првото полувреме, но тој не беше доволен затоа што Севиља изедначи, а потоа дојде и до трофејот.
За Дибала ова беше прва сезона во Рома откако дојде од минатото лето од Јувентус.
Севиља е владетел во Лига Европа, Мурињо и Рома на колена
Во 120 минутна војна со голема неизвесност, тензија, поништен пенал со ВАР, сомнително недосуден пенал и на крај финиш кој кулминираше со изведување удари од белата точка, Севиља ја сруши Рома на пенали со 4:1, после 1:1 во регуларните 90. Шпанија доби 5 претставници во ЛШ.
Севиља и дефинитивно е кралица во Лига Европа која ја освојува 7 пати без ниту еднаш да загуби во финале.
Серијата оди вака: 2006, 2007, 2014, 2015, 2016, 2020 и 2023-та година.
Од сезона под очекувањата во која имаат дури 14 порази во првенство и на едно коло до крај се 11-ти на табела, Севиља целосно се извади, освои европски трофеј и обезбеди директно учество во Лига на шампиони.
Тоа го бркаше и Рома, која како шестопласирана нема шанси за пласман во елитата и со победа во последно коло над Специја и преостанува следната сезона повторно да игра во ЛЕ.
Најголем трагичар на мечот е стоперот Манчини кој си постигна автогол во 55-та минута после водството на Италијанците во првиот дел со голот на Дибала.
Потоа промаши пенал, а по него и Ибањез. Единствен кој реализираше во поразениот тим е Кристанте. Кај Шпанците беа прецизни сите кои шутираа за Севиља – Рома 4:1.
Прво загубено европско финале за Мурињо кој по ланскиот трофеј во Конференциска лига, не успеа да ја направи за прв пат Рома шампион и во ЛЕ.