Северноатлантската алијанса се подготвува за „судир што може да се случи во секој момент“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A view shows the Nato flag as Finnish people celebrate the Finnish Nato membership at the Senate Square in Helsinki, Finland, on April 4, 2023. Markku Ulander/Lehtikuva/via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. NO THIRD PARTY SALES. NOT FOR USE BY REUTERS THIRD PARTY DISTRIBUTORS. FINLAND OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN FINLAND.

Северноатлантската алијанса се подготвува за „судир што може да се случи во секој момент“, јавија британските медиуми за воените планови на НАТО.

Како што се наведува, овие планови ќе се решаваат на самитот на Алијансата во Вилнус во јули, а нивната цел е „подобра подготвеност на Алијансата за напад и подобрена логистика“.

За првпат по Студената војна, НАТО ќе ги ажурира своите борбени планови за тоа како да се одговори во случај на руски напад.

– Фундаменталната разлика меѓу менаџирањето со криза и колективната одбрана е тоа што „не сте вие, туку нашиот непријател е тој кој одлучува кога ќе нападне“ – изјави адмирал Роб Бауер, еден од највисоките воени претставници на НАТО.

НАТО тоа го нарекува „регионални планови“, а како дел од нив членките на НАТО ќе добијат насоки.

– Сојузниците точно ќе знаат какви сили и способности се потребни, вклучително и што, каде и кога да се распоредат – коментираше Јенс Столтенберг, шеф на НАТО, за доверливите документи.

Со овие планови се формализира процесот што почна по руската анексија на Крим во 2014 година, кога западните сојузници првпат испратија борбени единици на исток, а Велика Британија, Канада и Германија ги презедоа водечките улоги во трите балтички држави.

Алијансата, согласни се експертите, повеќе не се подготвува за голем напад, туку за неколку помали, регионални кризи, за кои ќе бидат потребни сили за брзо распоредување.

Всушност, картите се значително различни отколку во Студената војна, со оглед на повеќето земји- членки и пристапувањето на Финска. Сега и таа граница е значаен дел од сложувалката, а претходно главното потенцијално бојно поле беше Германија.

- Advertisement -
Ad image

Големата вест е постоењето на беспилотни летала, хиперсоничното оружје и брзата циркулација на информации.

Има многу предизвици – треба да се стават 300.000 војници во готовност, од претходните 40.000, а има и производство на муниција и оружје, исцрпени од војната во Украина, се наведува во плановите на Алијансата.

Share This Article