More

    Северна Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици

    spot_img

    Северна Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните.

    Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик.

    Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај.

    Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични.

    Луѓето во земјите каде што англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, па затоа само половина од Ирците зборуваат и разбираат барем уште еден странски јазик, а најлошо во Европа стои Велика Британија, каде што јазик различен од мајчиниот знае едвај 34 % од населението.

    Од земјите во нашето опкружување, најдобро позиционирана е Србија каде што 79,3 % знаат и друг јазик, следува Хрватска со 73,2 5% , Грција 66,5, а на дното се Бугарија со 49,5, Албанија со 40% и Босна и Херцеговина со 39 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img