More

    Северна Кореја ќе развива здравствени, научни и образовни институции

    spot_img

    Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун побара развој на здравствени, научни и образовни институции во руралните области и во близина на фабриките.

    Неговото барање е поради се поголемата загриженост поради економските проблеми и лошите услови за живот.

    Како што јави Севернокорејската државна новинска агенција (КСНА), Ким истакна дека „изградбата на здравствени, научни и капацитети за управување со жито во градовите и окрузите е суштинска, итна задача за забрзување и промовирање на регионалниот развој“.

    Ким за време на викендот одржал состанок на високо ниво со цел Работничката партија да усвои „нова голема одлука“ за забрзување на руралниот развој во рамките на „Политиката за регионален развој 20×10“, која има за цел да отвора модернизирани фабрики во најмалку 20 оддалечените области секоја година во следните 10 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img