More

    Северна Кореја ја призна Доњецката Народна Република

    spot_img

    Северна Кореја ја призна независноста на Доњецката Народна Република (ДНР), соопшти лидерот на ДНР, Денис Пушилин.

    „Демократска Народна Република Кореја ја призна Доњецката Народна Република. Меѓународниот статус на ДНР и нејзината државност продолжуваат да се зајакнуваат. Ова е уште една дипломатска победа за нас“, рече Пушилин.

    Тој и се заблагодари на Северна Кореја за нејзината „голема поддршка на народот во Донбас“.

    „Оваа политичка одлука ќе даде основа за идниот развој на економските односи. Билатералните односи ќе им овозможат на нашите компании да ја прошират трговската размена. Се радувам на активна и плодна соработка“, напиша Пусилин на „Телеграм“.

    Министерката за надворешни работи на ДНР, Наталија Никонорова, изјави дека преговорите со Северна Кореја за признавање на независноста на Народна Република Доњецк се во тек.

    Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари објави дека Москва ги признава ДНР и Луганската Народна Република (ЛНР). Лидерите на Русија, ДНР и ЛНР потпишаа договори за пријателство, соработка и взаемна помош, а Москва воспостави дипломатски односи со самопрогласените републики во Донбас на 22 февруари.

    ДНР и ЛНР претходно беа признати од Сирија, Јужна Осетија и Абхазија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img