More

    Северна Кореја истрела повеќе од 200 артилериски гранати, Јужна Кореја евакуираше цивили

    spot_img

    Јужна Кореја нареди евакуација на два нејзини острови по севернокорејскиот артилериски оган, пренесува AFP.Јужна Кореја им порача на цивилите на островот Јеонпјеонг да се евакуираат откако Северна Кореја истрела околу 200 артилериски гранати од нејзиниот западен брег кон островот, соопшти рано утринава Министерството за одбрана на Сеул.

    „Северна Кореја истрела околу 200 гранати во близина на островот Јеонпјеонг“, изјави официјален претставник на Министерството за одбрана на брифингот, а локалните власти во Јеонпјеонг, дом на околу 2.000 луѓе, изјавија за АФП дека од цивилите било побарано да се евакуираат.

    Локален функционер тогаш потврди дека жителите на другиот остров исто така биле замолени да се евакуираат, пренесува AFP.

    Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека открил артилериски оган северно од граничната линија на демилитаризираната зона, де факто поморската граница меѓу двете земји, пренесува Јонхап.

    Тампон зоната беше формирана како дел од меѓукорејскиот воен договор потпишан на 19 септември 2018 година, за да се намалат тензиите на границите.

    Јужна Кореја ги нарече севернокорејските вежби како провокација, а во овој инцидент не е забележана штета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img