More

    Северина вечерала во истиот ресторан како и познатите светски ѕвезди

    spot_img

    На инстаграм-стори, хрватската пејачка Северина Вучковиќ сподели видео од ресторан на островот Врник кај Корчула, каде што вечерале познатите светски ѕвезди Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Крис Рок, Ванда Сајкс, Саша Барон Коен и Шон Комбс, попознат како П. Дидии, во истото време, пишува „Индекс.хр“.

    Една од пријателките на Северина снимила видео како пејачката поминува покрај масата на која седела славната екипа и ги поздравува.

    „Чао, чао“, им мавнала Северина, на што тие се свртеле и ја поздравиле, додека Диди ја измеркал од глава до петици.

    Да потсетиме, комичарот Крис Рок и неговата нова девојка Лејк Бел пред неколку дена пристигнаа во Хрватска. Вуди Харелсон и Саша Барон Коен набрзо пристигнале, а тимот потоа бил виден на вечера во ресторан над Диоклецијановата палата. Потоа било откриено дека на јахтата уживал и Метју Меконахи, кој претходно престојувал во Истра.

    Северина во моментот одмара со другарките на Корчула каде се запозна со тимот на Холивуд, а вчера на својот Инстаграм откри дека Вуди Харелсон го развеселил нејзиниот син со автограм.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img