Северина се пофали со неверојатен стајлинг од 4.000 евра и чанта по која копнеат сите жени

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ добро знае како да привлече внимание и да избере тренди, модерни парчиња за кои со денови се зборува.

Не е тајна дека Северина сака да носи тренди и скапи парчиња облека од познати светски дизајнери, а неодамна имавме можност да ја видиме во комплет, кој личи на пижами и чини нешто помалку од 4.000 евра.

Северина со синот и пријателите отиде во Лисабон, Португалија, каде ги посетува културните места и ужива во добрата храна, дружењето и забавата. Фотографиите кои таа неодамна ги објави на Инстаграм потврдија дека навистина не постои моден додаток кој не може да си го дозволи.

 

Северина овој пат избра вистински есенски стајлинг, кафеави панталони и палто со потпис на брендот „Golden Goose“, кое е изработено од брусена кожа со додаток на кадифе. Овој материјал е апсолутен владетел на секоја есен, па нема да биде исклучок ниту оваа сезона. Инаку, кафеавата боја е прогласена за боја на есен 2024. Веќе сите трендсетерки и инфлуенсерки се облечени во кафеаво од глава до пети.

Сепак, најголемо внимание привлече нејзината скапа кафеава чанта „Биркин“ на „Ермес“, која има карактеристична форма и се изработува во бројни егзотични материјали по желба на клиентот. Рачно се изработува во шестфазен процес кој трае вкупно над 20 часа.

Станува збор за најпопуларната, но и една од најскапите чанти во светот, чија цена се движи од 5.000 евра за најмалата големина до 12.000 евра за најголемата големина од 40 сантиметри. Сепак, во зависност од желбите на клиентот, цената на оваа чанта би можела да достигне вртоглави 300.000 евра. Чантата „Биркин“ го добила името по актерката и пејачка Џејн Биркин, а создадена е во 1981 година.

Дури и со вртоглаво високата цена, „Биркин“ останува една од оние чанти кои ретко кој може да ги добие во рака бидејќи е толку многу барана. Познатите личности се опседнати со чантата „Биркин“. Крис Џенер има цела соба посветена на Биркин чантите, додека Викторија Бекам има 120 од нив.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article