Хрватската пејачка Северина го однела синот на училиште првиот ден од новата учебна година. На Инстаграм објави фотографија на која го прегрнува Александар пред училиштето.
„Го славиме секој нов почеток“, напиша Северина.
Инаку, Александар тргнал во шесто одделение основно училиште.
Пејачката дел од летото го помина и со синот, на Корчула. На фотографиите од летниот одмор, како и на сите останати, таа мораше да го сокрие неговото лице, како што од неа бараат судските забрани кои ги побара таткото на Александар, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
ФОТО: Инстаграм