Северен ветер викендов ќе ни донесе заладување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, најавува Управата за хидрометеороошки работи.

Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела.

Температурата ќе се искачи до 26 степени во Гевгелија.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до 22 степени целзиусови.

И во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.

Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, на некои места до минус 6 степени.

Share This Article