Северна Кореја успешно лансираше шпионски сателит, соопшти јужнокорејската разузнавачка служба.
„Националната разузнавачка служба утврди дека лансирањето на шпионскиот сателит било успешно и дека е ставен во орбитата“, изјави пратеникот Џо Санг-бум, цитирајќи го соопштението на разузнавачката агенција.
Русија и помогна на Северна Кореја да лансира воен шпионски сателит, додаде пратеникот.
Јужнокорејската разузнавачка служба потврди дека „по самитот“ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во септември, „Северот и доставил на Москва план и податоци за првото и второто лансирање на сателити“.
Русија ги анализираше податоците и ги пренесе повратните информации до Северна Кореја, изјави јужнокорејски претставник на денешниот брифинг.