More

    Сеул му се закани на Пјонгјанг

    spot_img

    Јужна Кореја ја претстави својата најмоќна балистичка ракета и друго оружје за време на церемонијата на Денот на вооружените сили, додека јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол предупреди дека севернокорејскиот режим ќе биде соборен доколку се обиде да употреби нуклеарно оружје.

    Американските медиуми пренесуваат дела ова претставување на јужнокорејското оружје и предупредувањето доаѓа откако Северот неодамна го откри својот капацитет за збогатување ураниум и тестираните проектили пред претседателските избори во САД во ноември.

    – Доколку Северна Кореја се обиде да употреби нуклеарно оружје, ќе се соочи со решителен одговор од нашата и војската на нашиот сојузник САД. Тој ден ќе биде крајот на севернокорејскиот режим – им рече претседателот Јун Сук-Јол на собраните војници на воениот аеродром во близина на Сеул.

     

     

     

    За време на церемонијата, јужнокорејската војска покажа околу 340 парчиња воена опрема и системи за оружје. Меѓу нив беше и нејзината најмоќна балистичка ракета „Хјунму-5“, за која експертите велат дека може да носи боева глава тешка околу осум тони и може да навлезе длабоко во земјата и да ги уништи подземните бункери во Северна Кореја.

    Ова е првпат Јужна Кореја да ја покажува ракетата.

    Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Јун Сук-Јол го зајакна воениот сојуз со САД и ја подобри трилатералната безбедносна соработка Сеул-Вашингтон-Токио.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img