Сестрата на убиената 23-годишна мигрантка од Сиера Леоне, Фатмата, фрла поинаква светлина врз настаните кои се случувале на 19 април во близина на Гевгелија, каде девојката загина откако полициски службеник испукал куршум од службениот пиштол.
Сестрата на Фатмата, во видео обраќање до македонската јавност кое го испрати до редакцијата на „Слободен печат“, повикува граѓаните да им се приклучат во барањето на правдата и прашува зошто полицаец пукал во невооружена девојка, тврдејќи дека немало никаков физички напад врз полицаецот.
Полицијата извести дека откако мигрантите биле забележани во две возила, полицијата се обидела да ги запре, а при тоа едниот од шверцерите, 26-годишниот К.Ј. физички го нападнал полицаецот обидувајќи се да му го одземе пиштолот.
„Притоа полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите (жена), која веднаш била пренесена до Итната медицинска помош каде починала“, известија од МВР во своето соопштение.