Сестрата на Роналдо револтирано проговори за поразот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Катја Авеиро, сестрата на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, жестоко проговори за елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2022 година.

Португалија во четвртфиналето на турнирот во Катар загуби од Мароко (0:1).

„Го загубивме Светското првенство кога мал куп стаорци ја прославија победата над Швајцарија како победа над Роналдо. Во репрезентацијата нема клубови. Тимот е земјата. Но, за жал, лекцијата се уште не е научена во Португалија“, напиша Авеиро на социјалните мрежи.

Аргентина и Франција се пласираа во финалето на Светското првенство 2022. Натпреварот ќе се одигра в недела со почеток во 16 часот.

Share This Article